Ветеранот не се предава: Винс Картер ќе ја игра и 21.сезона во НБА

Поминаа најдобрите кошаркарски денови на Винс Картер, но ветеранот се уште не се предава. Ќе ја игра и својата 21.сезона во НБА – лигата. Тој потпиша едногодишен договор со Атланта хоукс вреден 2,4 милиони американски долари, што е всушност ветерански минимум.

Картер ја почна НБА кариерата во 1998 година, кога беше избран како петти пик на драфтот од Голден Стејт вориорс, но веднаш беше трејдуван во Торонто репторс. Потоа играше и за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и за Сакраменто. Во изминатите 20 сезони во НБА – лигата, тој има просек од 17,7 поени, 4,5 скокови и 3,3 асистенции.

Се вчитува...