„Вето“ во Спартак: Убавата докторка забрани секс пред Ливерпул

Фудбалерите на Спартак добиле забрана да имаат секс во пресрет на вечерашниот дуел против Ливерпул, по препорака на клупската лекарка Викторија Гамеева која инсистира дека со тоа шансите за сензација на рускиот тим на гостувањето на „Енфилд роуд“ се многу поголеми. Спартак има само теоретски шанси за пласман во следната рунда, но Гамеева сепак е убедена дека со своите методи може да придонесе тимот да одговори на предизвикот на најтешкото гостување во ЛШ сезонава.

„Од медицински аспект гледано, сексот ја стимулира способноста за работа само кај жените. Кај мажите ситуацијата е сосема спротивна, затоа моја препорака е да се нема секс најмалку два-три дена пред натпреварите. Фудбалерите тоа го почитуваат и во пресрет на мечот со Ливерпул“ – изјави Гамеева за руските медиуми.

gameeva so promes

Останува да се види дали методите на убавата докторка (на фотографијата со најдобриот фудбалер на Спартак, Квинси Промес), ќе вродат со плод.

Се вчитува...