„Вежбајте заедно, бидете пример за децата“ – совет од одбојкарската легенда

Легендарниот српски одбојкар Вања Грбиќ на оригинален начин се вклучи во глобалната кампања „Остани дома“, објавувајќи видео како вежба во својот дом заедно со својата сопруга Сара и со двете деца.

„Вежбајте заедно, бидете пример“, напиша Грбиќ крај интересното видео.

Можеби кејот и салите нудат подобри услови, но ова е вонредна состојба и секој мора да најде начин да се справи со ситуацијата. Нема дилема, Грбиќ и неговото семејство одлично го прават тоа.

Се вчитува...