„Ви водиме како Ливерпул“ – Линекер и Карагер се „испокараа“ (ФОТО)

Џејми Карагер, стручен аналитичар на Скај Спортс се пофали со одличниот рејтинг кој го имал последниот натпревар на неговиот поранешен клуб и тоа му беше аргумент за интересот за „црвените“ и желбата кај луѓето во Англија, тимот на Клоп да ја освои титулата по пауза од 30 години. Карагер се пофали со бројка од 3,9 милиони гледачи.

Веднаш му одговори Гери Линeкер, аналитичарот на Би-Би-Си кој се пошегува дека бројката е за 400 000 помала од ФА Куп мечот меѓу Тотенхем и Мидлсбро.

Последниoт збор го имаше повторно Линекер кој се пофали со бројките на најгледани термини во последнава деценија кои се во корист на Би-Би-Си велејќи дека предноста е речиси колку онаа на Ливерпул на врвот на премиерлигашката табела.

Се вчитува...