Вида и Ловрен: Запалете се што може да се запали!

Домагој Вида и Дејан Ловрен е стоперскиот двоец кој успеа да ги запре Англичаните во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

По триумфот, еуфоријата и кај двајцата не можеше да изостане…

„Дури за 20 години онака вистински ќе ни текне што направивме. Ова засекогаш ќе го паметиме. Драго ни е што го направивме за цела Хрватска. Може да замислам само како е таму. Не омаловажуваа пред натпреварот, и тоа им се врати на Англичаните. Се се враќа во животот… Може да кажам дека и јас сум победник по се она што ми го приредуваа на Островот и како се однесуваа со мене“ – им порача на Англичаните, Дејан Ловрен.

Вида, вообичаено, видно расположен…

„Одлично… Со пласманот во финалето сега им оставивме товар на сите идни генерации, како што ни беше на сите нас по онаа 1998 година. Сега славиме, а во Хрватска може само да им порачам на сите: ‘Запалете се што ќе ви се најде при рака, запалете се што може да се запали!’“ – истакна Вида.

Се вчитува...