Вида: Мачно е кога ќе се сопнеш на последното скалило

Хрватска по 20 години повторно освои одличје на Светско фудбалско првенство.  Оваа генерација предводена од Златко Далиќ ја прескокна за едно скалило селекцијата што во 1998 година ја предводеше Мирослав Блажевиќ, но, сепак, не успеа да стигне до трофејот. Во финалниот дуел загуби од Франција со 4-2. Дефанзивецот Домагој Вида остана на теренот речиси два часа по поразот, со солзи во очите.

„Ти се мешаат чувствата. Ние сме горди на нашиот успех. Но, нормално е и да сме тажни, ззатоа што го загубивме финалето, најважниот натпревар. Мачно е кога ќе се сопнеш на последното скалило. А, солзите се измешани, и радосници, и од оние тажните. Ќе помине и ова, а ние сме сепак среќни што направивме резултат на кој ќе се гордеат многу генерации Хрвати“, изјави Домагој Вида по поразот во финалето на СП.

 

Се вчитува...