Видал и Конте повторно заедно?

Интер е во завршна фаза од преговори за трансферот на Алексис Санчез, но голгетер најверојатно нема да биде единствениот Чилеанец што летово ќе пристигне на „Џузепе Меаца“. По негови стапки се очекува да тргне и репрезентативниот колега Артуро Видал, кој изразил желба да си замине од Барселона откако му станало јасно дека нема да има преголема минутажа по доаѓањето на Де Јонг.

Конте е во потрага по искусен играч за врска што би дал дополнителна цврстина во играта на Интер, а Видал одлично се вклопува во она што трофејниот стратег го бара на пазарот. Двајцата имаа беспрекорна соработка во Јувентус, па токму затоа понудата на „нероаѕурите“ е во преден план за Видал додека овој фудбалер ги разгледува опциите за следниот чекор во кариерата.

Интер ќе испрати понуда за едногодишна позајмица на Чилеанецот, а останува да се види дали Барса ќе се согласи на ваква опција или каталонскиот гигант ќе инсистира на перманентен трансфер.

Се вчитува...