Видал ја тужи Барселона како би исфорсирал трансфер во Интер

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ја тужи Барселона поради долгови. Искусниот фудбалер за врска одлучил судски да бара 2,4 милиони евра кои наводно, според договорот, му ги должи Барселона.

Тужбата е подигната на 5. декември, но од Барселона тврдат дека Видал немал никаков бонус за исплата. Според договорот со шампионот на Шпанија, тој би добил бонуси за одредени успеси во 60 одиграни натпревари. А за да се активира тој бонус тој мора да мине најмалку 45 минути на терен на секој од тие натпревари. Но, тоа не било случај.

Чилеанецот, сепак, тврди дека бонусот и тоа како си го заслужил и одлучил да го тужи клубот. Дел од тврдењата дека сето ова е и поради желбата на Видал да изврши притисок врз раководството на Барселона да го ослободи како во јануари би заминал од клубот и би се преселил во Интер.

Се вчитува...