Видал: Јуве е најсилен во Италија, а ние вечерва го победивме

Артуро Видал го постигна својот прв калчолигашки погодок за Интер, не можејќи да избере подобар момент од големото дерби со неговиот поранешен клуб Јувентус. Чилеанецот отсекогаш само со најпофални зборови говорел за „старата дама“, а трендот продолжи и по вечерашната пресметка.

Видал пред натпреварот мина неколку минути во разговор со Џорџо Кјелини, а по мечот остана во друштво на тренерот на Јуве, Андреа Пирло, кој своевремено му беше соиграч додека настапуваше за „старата дама“.

„Го чекав овој гол, а дојде против најсилниот тим во Италија. Секако дека сум среќен, победивме голем ривал. Јуве е најсилен клуб, имаат девет скудета во низа, а ние вечерва успеавме да ја победиме оваа екипа. Мораме да сме среќни, оваа победа ни дава самодоверба, да веруваме дека можеме да одиме до самиот крај, да ја освоиме титулата“, истакна Видал по натпреварот.

Се вчитува...