Видал не сака веќе во Интер, откако „нероаѕурите“ отпаднаа од ЛШ

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал нема намера да се пресели во Интер во зимскиот преоден рок, а главната причина за тоа е елиминацијата од елитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, посакуваше Видал да пристигне на „Џузепе Меаца“ во јануари како големо засилување од редовите на Барселона, но неговиот агент испрати сигнали дека фудбалерот веќе не е заинтересиран за соработка, со оглед дека клубот нема да се натпреварува во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Видал има искуство со настапите во Серија А со оглед дека четири години го носеше дресот на Јувентус пред да се пресели во Баерн Минхен во 2015 година. Оттаму дојде во Барселона во 2018 година и досега одигра 45 натпревари на кои постигна седум погодоци.

Се вчитува...