Видал одби мегапонуда од Кина

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал не сака да замине во Кина. Тој доби фантастична понуда од Гвангжу Евергранде за да го напушти „Камп Ноу“ и да ја продолжи кариерата во кинескиот шампионат, но, сепак, се заблагодари и одлучи да остане во Европа.

Искусниот играч за врска минатото лето пристигна во Барселона и потпиша тригодишен договор, но немаше голема минутажа кај Ернесто Валверде. Имаше најави дека можеби ќе замине и ќе се врати во Италија, каде за него се заинтересирани Интер и Милан.

Се вчитува...