Видал: Останувам во Баерн Минхен до крајот на договорот

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал се споменува како можно засилување на англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Челси по завршувањето на оваа сезона, но самиот фудбалер ги демантираше овие гласини. Тој истакна дека ќе остане на „Алијанц арена“ најмалку уште 18 месеци, а можеби и подолго.

„Имам уште 18 месеци од актуелниот договор и не размислувам за заминување. Фокусиран сум на игрите во Баерн Минхен. Моето семејство се навикна на животот во Минхен и искрено, не размислувам за други понуди“, изјави Видал за германските медиуми.

Се вчитува...