Видал потпиша за Бреоган

Само еден ден откако Хувентуд објави дека се раздели со Серхи Видал, неуморниот 37-годишен кошаркар потпиша за нов шпански тим од елитата, Канделас Бреоган.

Видал последните четири сезони настапуваше за Хувентуд од Бадалона, а претходно најдобрите кошаркаски денови ги мина девет сезони во Басконија. Настапуваше и за мадридски Реал, како и Уникаха.

За Видал ова ќе биде вкупно 19-та сезона во најсилната шпанска лига.

Се вчитува...