ВИДЕО: Алими и Агим Ибраими за пресврт-победа, Захов спречи израмнување во 93. минута

Шкендија дојде до посакуваниот триумф на гостувањето против Академија Пандев во Струмица, во дербито на првото пролетно коло.

Тетовци славеа со 1-2 со пресврт, откако домашните уште во 5. минута поведоа со голот на Миловановиќ…

Но, по асистенцијата на Агим Ибраими, Арменд Алими во 22. минута израмни на 1-1…

А, пресврт-победата ја донесе Агим Ибраими со удар од белата точка, откако претходно во домашниот шеснеасетник беше соборен Бесарт Ибраими…

Академија Пандев имаше 100% шанса за израмнување во 93. минута, но голманот на гостите Костадин Захов со извонредна интервенција на самата гол линија спречи израмнување по шутот од непосредна близина откако сите ја видоа топката во мрежата. На тој начин спасувајќи ги трите бода за својот тим.

Се вчитува...