ВИДЕО: Ангелина Топиќ со скршена нога се избори за финале, па докторот објасни како е можно тоа

Српската скокачка во височина, Ангелина Топиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри во Париз, но и покрај тоа нема да може да учествува во утрешното финале поради тешката повреда на зглобот на ногата.

Топиќ се повреди на загревањето пред вчерашните квалификации, но и покрај тоа прескокна за место во финалето. Сепак, по квалификациите деталните снимки покажаа дека се работи за скршеница.

Доктор Јован Џуровиќ објасни како е можно 18-годишната Топиќ (ќерка на легендарниот Драгутин Топиќ) со скршена нога да се избори на таков начин за финале.

„Имавме среќа во првата минута после повредата да и ставиме трака за бандажирање. Тие цврсто ја држеа ногата па не се појави оток и ги презедоа функциите на лигаментите. Доби и лек против болки. Останатото го направи таа самата со храброста која ја покажа, неверојатен натпреварувач, чудо на природата“ – рече Јовиќ и дополни:

„Но, по квалификациите го снимивме повреденото место со магнетна резонанца. Се одвоило парче коска на самиот спој на лигаментите на коската. Не се скинал лигаментот, но настанала авулзија, со одвојување на мал дел од коската. Во една ваква жална ситуација, тоа е подобра варијанта. Добро е што не е лигаментот, затоа што коската ќе зарасне, а со лигаментот потоа би имала проблем во текот на целата кариера. Но, сега ќе мора да носи чизма од четири до шест недели“.

Па, за Топиќ завршија Олимписките игри и покрај избореното финале во скок во височина.

Се вчитува...