ВИДЕО: Атлетичарка почна да слави, па на два метри пред целта остана без медал

На европското првенство во атлетико во Рим се случи настан кој ретко го гледаме. Трката во брзо пешачење заврши на легендарниот Олимпико, а шпанската алтетичарка Лаура Гарсија-Каро, влезе на стадионот како третопласирана, и убедена дека ја има бронзата на градите.

Некој и подаде шпанско знаме и таа почна да слави, кревајќи ги тупаниците и мавтајќи со јазикот. Буквално на два метри пред целта зад неа се појави Украинката Људмила Ољановска која во последен момент ја престигна и со тоа и го одзеде медалот. Гарсија-Каро ја забележа кога веќе беше предоцна.

Според официјалните резултати, двете атлетичарки трката ја завршија за еден час 28 минути и 48 секунди, но Ољановска беше за дел од секундата побрза. Златото и среброто освоија домашните претставници, Антонела Палмисано и Валентина Траплети.

Се вчитува...