ВИДЕО: Вардаровата доминација против „пандевци“… Головите од убедливата победа за есенско славје

Вардар убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Академија Пандев во претпоследното коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига, на тој начин осигурувајќи ја првата позиција на табелата пред пролетната сезона.

Репрезентативецот Даниел Аврамовски царуваше на теренот во Струмица. Најпрво носејќи водство по нафрлувањето на Тошевски уште во 11. минута…

На 0-2 зголеми во 69. минута по прекрасната соло акција на Ибиши…

А, конечните 0-3 ги постави Брдаровски во 87. минута, овој пат по одличната асистенција од Аврамовски…

Се вчитува...