ВИДЕО: Балотели промаши две шанси… Вардар има 0-0 по првиот дел во Малме!

Во убав натпревар пред преполна „Сведбанк арена“, македонскиот шампион Вардар има 0-0 по првото полувреме на дуелот од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме.

Домашните го диктираа ритамот на играта во првиот дел, но Вардар беше тој кој имаше две одлични можности и да води по првите 45 минути.

Најпрво, во 17. минута, Боарето имаше убава шанса, излезе сам од левата страна, шутираше, но во надворешниот дел од мрежата на домашниот гол.

Веќе во следниот напад се закани и Малме. Тинерхолм продре по десната страна, уфрли во петерецот за Бергет, но неговиот шут успеа да го скроти Гачевски.

Во 32.минута, фудбалерот со македонско потекло од редовите на Малме, Ердал Ракип се одлучи на удар од далечина, но голманот на Вардар беше фокусиран и ја исфрли топката во корнер. Возврати и македонскиот првак две минути подоцна кога Балотели повторно се најде во извонредна можност, по акцијата која ја поведе Николов, шутираше од работ на шеснаесетникот, но над голот.

До крајот на првиот дел Малме имаше уште една шанса преку Бергет, но резултатот остана оној почетниот…

Во секој случај, Малме е екипата која доминира на натпреварот со 12 шута кон голот на Вардар во првиот дел, наспроти два шута на македонскиот шампион. Швеѓаните имаат и 9 корнери, а Вардар изведе само еден удар од аголот.

Се вчитува...