Од се по нешто можеше да се види денеска под „Тумбе кафе“ во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига на дуелот меѓу Пелистер и Македонија кој заврши со победа од 3-1 за битолчани. Евро-гол на Ристе Маркоски, луцидна контра на младите „лавови“ и сето тоа заокружено со новиот гол на Баже Илијоски во дресот на Пелистер.
„Зелените“ најпрво поведоа со прекрасниот погодок на Ристе Маркоски…
На 2-0 зголеми Мартин Ковачев во 37. минута од средбата…
Гостите ја намалија предноста со голот на Аломеровиќ во 77. минута…
А, конечната победа на Пелистер ја донесе Баже Илијоски со голот во 91. минута од натпреварот.
За Илијоски ова е негов 123-ти официјален погодок во шампионатите од Првата лига на Македонија, стрелајќи за Работнички, Металург и сега Пелистер. Илијоски е на само два гола од рекордот на Зоран Бошковски – Чоко, кој како најдобар стрелец во историјата на македонските првенства има 125 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА