ВИДЕО: Богдановиќ имаше чист шут за победа на Јута и спас на сезоната… Но, промаши!

Далас ја елиминираше Јута со 4-2 во серијата во плеј-офот од НБА лигата, славејќи во шестиот меч со 98-96.

Но, шут за триумф на Јута имаше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ, кој остана нереализиран.

Јута смисли акција за Богдановиќ кој остана сам на шутот за тројка, но не успеа да погоди со сирената. Како што изјави Дончиќ по крајот на натпреварот, „шутот на Богдановиќ ми изгледаше како вечност“. Но, на крајот Лука и неговиот тим можеа да слават по промашувањето на Хрватот.

 

Се вчитува...