ВИДЕО: Борбата за историја – Георгиевски како мало дете го растури Ин Кјо Дон

Таеквондистот Дејан Георгиевски ќе биде првиот роден Македонец кој ќе се закити со медал на Олимписки игри откако во категоријата над 80 килограми стигна до финалето на игрите во Токио.

Тој во полуфиналниот меч на убедлив начин со 12-6 славеше над Кореецот, Ин Кјо Дон. Со оваа победа Георгиевски има сигурно обезбедно сребро, а во 14.45 часот по македонско време ќе го нападне и златниот медал против Русинот, Владислав Ларин.

За потсетување Македонија досега од Олимписките игри има само еден медал, бронзениот на Могамед Ибрагимов од игрите во Сиднеј во 2000 година.

 

Се вчитува...