Видео: Братвајт се правеше важен, па се посрамоти на промоцијата (видео)

Мартин Братвајт нема по добро да ја памети промоцијата во Барселона, откако новиот напаѓач на каталонскиот гигант се посрамоти при обид за демонстрација на најобичен фудбалски потег.

Тој се обиде со петица да ја крене топката преку себе, но не успеа, а единствена среќа околност му беше што на трибините немаше ниту еден навивач.

Братвајт пристигнува како засилување за нападот на Барса во ситуација кога се повредени Суарез и Дембеле , но очигледно ќе треба уште многу да напредува за да заигра во стартниот тим крај Меси и Гризман.

Се вчитува...