ВИДЕО: Дали беше гол? Франција со погодокот на Мбуку води против Македонија на полувремето

Младата репрезентација на Македонија има негатива од 1-0 на полувремето против големиот фаворит Франција во првиот натпревар од Групата Х во квалификациите за ЕП 2023.

На дуелот кој се игра на „ММАрена“ во Ле Ман, Французите имаа целосна иницијатива на мечот со неколку можности за погодок од кои искористија една во 26. минута преку Мбуку.

 

Антовски имаше обид за Македонија во 44. минута од слободен удар но непрецизно покрај голот на домашните.

Денковски беше одличен на голот на македонската селекција интервенирајќи во неколку наврати за да спречи поубедлива предност на Французите.

Се вчитува...