ВИДЕО: Давид Тошевски донесе победничко деби за Достаниќ на клупата на Работнички

Работнички славеше со 0-1 на гостински терен кај Струга Трим Лум во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига. Повеќе од значајна победа за „романтичарите“ во битката за опстанок.

Давид Тошевски во 35. минута беше стрелец на победничкиот погодок за Работнички. Шаркоски шутираше од десната страна, топката дојде до Тошевски кој подметна нога и ја погоди мрежата. „Романтичарите“ дојдоа до првиот триумф под раководство на новиот тренер Ратко Достаниќ.

Се вчитува...