ВИДЕО: Ден за „бомби“ – Филип Најдовски погоди од 40 метри!

И покрај тоа што стрелците беа заспани во првиот дел на петте натпревари од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига, со само еден постигнат гол, и тоа како се разбудија во второто полувреме.

Покрај двата „проектили“ на Шкупи со кои славеа против Вардар со 2-0, уште една „бомба“ сервирана во Прилеп. На дуелот меѓу Победа и Ренова, кој заврши без победник 1-1, Филип Најдовски постигна прекрасен погодок за водство од 1-0 со шут од околу 40 метри…

Сепак, радоста на домашните ја скрати Валмир Нафиу со голот од пенал во 80. минута за конечние 1-1…

Се вчитува...