Видео: Дончиќ е „феномен“ – даде табла-кош седејќи на клупата за резерви

Тренинзите на словенечката репрезентација дефинитивно се многу позабавни откако Лука Дончиќ му се приклучи на националниот тим. Асот на Далас е познат по атракциите на тренинзите и загревањата во својот тим, а тоа го пренесе и во репрезентативниот табор, со фантастичен потег на денешниот тренинг.

Дончиќ седеше на клупата за резерви, но тоа не му пречеше да постигне кош, и тоа со помош на таблата…

Погледнете ја најновата мајсторија на големата кошаркарска „ѕвезда“…

Се вчитува...