Полска си ги задржа шансите за пласман на ЕП 2022 во ракомет откако во драматична завршница славеше над Словенија со 27-26. Дашек беше херојот на Полјаците со гол буквално во последната секунда, по што „црвено-белите“ еуфорично ја прославија победата што ги остави во игра за учество на европскиот шампионат.
Полска сега има шест бода, по еден помалку од водечките Словенија и Холандија, но полските ракометари во последното коло ги очекува незгодно гостување против „лалињата“.
Португалија со фуриозна игра во нападот славеше со 29-41 на гостувањето против Израел, и дефинитивно осигурувајќи си го местото меѓу ракометната елита во Европа, каде ќе се најде и селекцијата на Македонија.
Најголемо изненадување на денешните средби приреди Литванија со триумфот над Исланд од 29-27, со што Исланѓаните ја загубија трката за првото место во групата токму од Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА