ВИДЕО: Драмата во Битола – За 10 секунди се случи се и сешто, и Охрид победи!

Кошаркарите на АВ Охрид во вистински драматичен натпревар славеа со 77-78 против Пелистер во салата „Младост“ во Битола.

Вистински драматичен крај беше режиран во последните 10 секунди, кога најпрво охриѓани преку Зимиќ не реализираа слободно фрлање при 74-76 за нив, во следниот напад Пелистер со тројката на Атанасовски стигна до 77-76, но откако останаа 3 секунди до крајот, Американецот кај Охрид, Рос Кенет буквално со сирената донесе триумф од 77-78…

Сето тоа за огромно славје кај охриѓани, кое вреди да се погледне… Но, и да се слушне!

Се вчитува...