ВИДЕО: Два неверојатни гола на Чаир – Вардар не се одбрани од „проектилите“ на Стојкоски и Бајрами!

Вардар се повлече уште еден чекор назад во одбраната за титулата во домашниот шампионат, откако загуби со 2-0 на гостувањето против Шкупи во последното есенско коло.

Избраниците на Чедомир Јаневски во уште едно бледо издание есенва, на очајниот терен за игра во Чаир, не успеаја да се одбранат од два „проектили“ на Шкупи.

Најпрво оној во 56. минута на Мухамед Бајрами…

А, потоа во 86. минута и вистинско ремек дело кој од околу 30 метри го лобуваше голманот на Вардар, Игор Алексовски…

За Вардар остануваат есенва уште двата претходно одложени натпревари против Работнички и Академија Пандев, но сега е на -14 бода од водечката Шкендија!

Се вчитува...