ВИДЕО: Две грешки во одбраната и еден супер-гол на Шпанците за пораз на Македонија

Младата репрезентација на Македонија не успеа да стигне до посакувано изненадување против големиот фаворит Шпанија во четвртиот свој натпревар од квалификациите за ЕП 2021.

Македонија го запиша првиот пораз во квалификациите, 3-0 на гостувањето во Алкаркон. Две грешки во одбраната и еден супер-погодок е резимето од победата на „црвената фурија“. Шпанците поведоа со голот на Гарсија во 7. минута, потоа Руфати во 46. минута си постигна автогол а победата беше заокружена со убавиот погодок со волеј удар на Педросо во 87. минута…

Се вчитува...