ВИДЕО: Двоецот Петковски-Тошевски со две идентични акции го реши Шкупи

Работнички дојде и до втората победа на стартот од пролетниот дел на сезоната, овој пат со пресврт на „Тодор Проевски“ против Шкупи.

„Романтичарите“ триумфираа со 2-1, и покрај тоа што по првото полувреме имаа негатива од 0-1 по голот од пенал на Исени…

Во вториот дел проработи двоецот Петар Петковски – Давид Тошевски. Најпрво во 59. минута за израмнување на 1-1…

А, потоа во 77. минута со идентична акција за заслужен триумф од 2-1.

Се вчитува...