ВИДЕО: Ефектен гол на Херера, Брегалница го „шокира“ Шкупи!

Брегалница има водство од 0-1 против шампионот Шкупи на гостувањето во Кичево во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани сосема заслужено имаат предност на дуелот, со ефектниот погодок на Себастијан Херера во 24. минута од натпреварот.

Херера на 18 метри начека одбиена топка пред голот на Шкупи, и ефектно смести во мрежата на Наумовски…

Се вчитува...