ВИДЕО: Ефектниот гол на Петковски за реми на Работнички со „фенерџијата“

Фудбалерите на Работнички, без сомнение, очекуваа победа на гостувањето против „фенерџијата“ Беласица во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Но, по брзото водство на домашните, „романтичарите“, и покрај доминацијата на натпреварот, на крај може да бидат задоволни и што извлекоа барем реми.

Петар Петковски во самиот финиш, дури во 84. минута, успеа со ефектен гол барем да го спаси својот тим од пораз во Струмица.

Се вчитува...