ВИДЕО: Екс-вардарецот Маневски од клупата влезе и го спаси Пелистер од пораз

Вардар беше блиску до победа во првиот натпревар од пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига. И покрај доцниот старт на подготовките, и покрај финансиската неизвесност, црвено-црните дојдоа до бод (2-2) од дуелот со Пелистер на „Тодор Проески“, иако можеа и до три.

Победата на вардарци им ја „украде“ поранешниот вардаров фудбалер Борче Маневски кој од клупата влезе во второто полувреме и погоди во 80. минута за конечни 2-2.

Претходно, Вардар уште во 3. минута поведе со 1-0 со луцидниот гол на Филип Петковски.

Во 22. минута Иван Пејаковиќ израмни на 1-1.

Во второто полувреме, Мартин Мирчевски во 48. минута убаво погоди за 2-1, но одбраната на црвено-црните не издржа до крај.

Се вчитува...