ВИДЕО: Експресно водство на Македонија – Ристовски ефектно за 1-0 против Казахстанците

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година стигна до водство од 1-0 уште во раната фаза од натпреварот против Казахстан во 3. коло од квалификациската група 6 за пласман на ЕП 2021.

Избраниците на Благоја Милевски до предност дојдоа во 20. минута кога Милан Ристовски крадејќи топка на околу 40 метри во брз напад изби сам пред противничкиот гол и ефектно погоди за предност на Македонија…

Македонската селекција доминира на мечот во кој по водството можеше да биде постигнат уште еден гол, но Чурлинов и Ристовски по убаво соло акции беа спречени од противничкиот голман повторно да се радуваат.

Се вчитува...