Видео: Еве зошто Ибрахимовиќ е „ѕвер“ и на 39 години

Златан Ибрахимовиќ е фудбалски феномен, па и на 39-годишна возраст прикажува игри како во најдобрите периоди од својата кариера.

Ако некогаш сте се запрашале зошто, тоа е поради неверојатната посветеност на шведскиот ветеран, на секој тренинг да даде се од себе за да остане во топ-форма. Доказ за тоа е и денешното видео што Златан самиот го објави на профилот на инстаграм, на кое тој иако повреден сепак тренира додека во Милано паѓа силен снег.

„Обидете се да ме запрете“, во свој стил напиша Ибра како порака крај видеото.

Се вчитува...