ВИДЕО: Евро-гол на Шаља за водство на Шкендија во Автокоманда

Шкендија ја оправдува фаворитската улога во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига, па по половина час игра има предност од 0-1 на гостувањето против Скопје во Автокоманда.

Тетовци до предноста дојдоа во 22. минута со голот на Аденис Шаља.

Шаља низ соло-акција испрати вистинска „бомба“ од 18 метри под гредата од голот на домашните за водство од 0-1.

Се вчитува...