ВИДЕО: Феноменален гол на Алварез од 35 метри – Шкупи успеа да израмни, само Шкендија со предност на полувремето

Шкупи и Брегалница играат без предност (1-1) на полувремето во најинтересниот натпревар од петте дуели во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот во Кичево, Брегалница дојде до водство од 0-1 во 24. минута со ефектниот гол на Херера по шутот од 16 метри.

Во следните минути штипјани имаа можност и за погодок преку Љупче Кудев, но Наумовски одбрани, па во следната акција во 34. минута Шкупи дојде до израмнување со феноменалниот гол на Алварез по шут од 35. минута…

Во Ѓорче Петров, пак, Шкендија има водство од 0-1 по погодокот на Љупче Дориев во 19. минута.

На останатите три натпревари од 17. коло нема погодоци по првото полувреме.

ПРВА ЛИГА, 17. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
Дориев 19′
Кичево: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
Алварез 34′ – Херера 24′
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ 0-0

Се вчитува...