ВИДЕО: Феноменалниот Мазари со втор гол за сензација на Победа против Струга ТЛ!

Прилепска Победа е пред трите бода во 12. коло од Првата македонска фудбалска доаѓајќи до водство од 2-0 против лидерот во шампионатот Струга ТЛ.

А, херој на прилепчани е стружанецот Адем Мазари кој го постигна и вториот гол против „своите“ од Струга.

Одлична акција во 78. минута која Мазари мајсторски ја заокружи за 2-0 на Победа.

Се вчитува...