Видео: Го изглуми ли Салах пеналот во Кардиф?

Џејмс Милнер од пенал ја запечати победата на Ливерпул во Кардиф, но домашните фудбалери и фанови се бесни на Мохамед Салах, обвинувајќи го асот на „црвените“ дека го изглумил пеналот.

„Ако тоа е пенал, тогаш на секој натпревар треба да има по многу удари од белата точка. Би му дал на Салах 9,9 за падот, како Том Дејли“ – изјави манеџерот на Кардиф, Нил Ворнок, споредувајќи го египетскиот голгетер со британскиот олимпиец во скокови во вода.

Контакт дефинитивно постоеше, дали доволно за пенал, проценете самите…

Се вчитува...