Голема грешка на македонскиот голман Столе Димитриевски на гостувањето против Швајцарците во Луцерн во четвртиот натпревар од Лигата на нациите.
Во моменти на главно умртвена игра на средината од теренот, без шанси на двете страни, следеше голема грешка на нашиот голман Столе Димитриевски.
Јохан Манзамби со шут од 22 метри го изненади Димитриевски, кој дозволи една безопасна топка да му мине меѓу раце за водство од 2-0 на Швајцарците.
🚨 Johan Manzambi makes it two.
🇨🇭 Switzerland 2-0 North Macedonia 🇲🇰
https://t.co/IuwaqVYuoM
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 6, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
