ВИДЕО: Големиот кикс на Наумовски и одбраната на Шкупи го отворија патот за триумф на Работнички

Работнички дојде до голема победа од 0-2 во дерби натпреварот од 22. коло во ПМФЛ против Шкупи на натпреварот кој се одигра на теренот на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје.

Повеќе од заслужен триумф за „романтичарите“ кој беше најавен уште во 1. минута со колот на Кристијан Стојкоски а по големиот кикс на одбраната на Шкупи и голманот Кристијан Наумовски. А, веќе во 9. минута Прелчец со глава погоди и за конечните 0-2.

До крајот на средбата Работнички имаше уште многу шанси за погодок, но тогаш Наумовски вистински се разбрани не дозволувајќи гол во својата мрежа. Но, немаше и гол во противничката мрежа за промената на резултатот.

Се вчитува...