ВИДЕО: Интер потклекна – Родри го носи Манчестер сити до водство!

Манчестер сити има водство од 1-0 против Интер од 68. минута во финалето на Лигата на шампионите.

Континуираниот дискретен притисок на „граѓаните“ кон голот на „нераѕурите“ конечно вроди со плод во 68. минута кога Родри одлично реагираше по првичната мешаница пред голот на Интер.

Родри натрча на една одбиена топка и сигурно стрелаше за водство од 1-0.

Набрзо потоа, веќе во 71. минута Интер имаше 100% шанса да израмни но гредата го спаси Сити по обидот на Димарко.

Се вчитува...