Видео: Јанг даде евро-гол, Мурињо не можеше да поверува

Манчестер јунајтед неочекувано лесно води со 0-3 по првото полувреме на гостувањето против Ватфорд, а во главна улога се наоѓа Ешли Јанг. Иако многу ретко постигнува погодоци во дресот на Јунајтед, Јанг на голот против Барнли се надоврза со нови два на пресметката со Ватфорд, од кои мора да се истакне оној вториот, кога од слободен удар со велемајсторски обид го матираше голманот Гомеш.

„Ѓаволите“ славеа, а Жозе Мурињо не го криеше изненадувањето што неговиот лев бек така умешно ја смести топката во горниот агол од голот на домаќините.

Погледнете го голот на Јанг, но и реакцијата на неговиот тренер.

Се вчитува...