ВИДЕО: Јани Атанасов со гол од слободен удар и прецизен пенал за триумф на Македонија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година со победа од 1-2 го заврши гостувањето против Црна Гора во Подгорица за максимален ефект по првите две рунди од квалификациите за ЕП 2021.

Триумфот на Македонија го донесе капитенот Јани Атанасов со убавиот погодок директно од слободен удар во 14. минута и погодокот од пенал во 33. минута, откако претходно во домашниот шеснаесетник беше соборен Димитар Митревски. Црногорците поведоа со голот на Скендеровиќ уште во 10. минута од натпреварот…

Се вчитува...