Видео: Јанис тргна да го чува Дончиќ – еве што се случи…

Лука Дончиќ имаше свое шоу на гостувањето против шампионот Милвоки, на кое Далас успеа да стигне до триумф од 112-118 над актуелниот првак на НБА-лигата. Во главна улога беше токму фантастичниот Словенец, кој го заврши мечот со 32 поени, надополнети со 15 асистенции и осум скокови.

Дончиќ беше незапирлив за кошаркарите на Милвоки, па на почетокот од четвртата четвртина улогата на негов чувар ја презеде Јанис Адетокумбо.

Тоа беше само мотив повеќе за Словенецот, со извонреден дриблинг да си создаде простор, а потоа беспрекорно да погоди тројка преку еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Се вчитува...