Марин Јурина е „лекот“ за Шкендија. Го знаеше веројатно тоа Ќатип Османи, новиот тренер на Шкупи, кој во минатото беше токму на клупата на тетовскиот тим, а денеска дебитираше на кормилото на составот од Чаир. Шкупи успеа да слави со 2-0, а двата гола беа дело токму на босанскиот интернационалец.
Напаѓачот на Шкупи уште на стартот најави дека е расположен, па иако не реализираше три шанси, сепак, го сочува арсеналот за продолжението од мечот. Го отвори резултатот во 68.минута, а потоа и го потврди триумфот со втор гол во 85.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА