ВИДЕО: Како се славеше и пред куќата на Пандев во Струмица – „Гоче ти си наша икона“

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Грузија со 0-1 и се пласираше на Европското првенство 2021 година. Голот за историја го постигна капитенот Горан Пандев. До раните утрински часови се славеше во цела Македонија, а се славеше и пред куќата на капитенот.

„Гоче ти си наша икона“, скандираа присутните, во чест на Панде кој и по 20 години поминати во националниот дрес се уште покажува зошто е најдобар фудбалер во историјата на македонскиот фудбал.

 

Се вчитува...