ВИДЕО: Како Силекс самиот се победи на Чаир – Смешна грешка на одбраната за триумф на Шкупи

Шкупи дојде до трите бода во 5. коло против Силекс благодарание на погодокот на Бразилецот Серџо Жуниор во 58. минута од натпреварот.

Меѓутоа се чини, погодокот и трите бода повеќе се благодарение на катастрофалната реакција на гостинската одбрана отколку на акцијата на домашните. Лошата интервенција на голманот на гостите Божиновски дополнета со несмасната реакција на одбранбените фудбалери придонесоа Серџо Жуниор од непосредна близина да погоди за триумф во дебито на новиот тренер Булент Акин на клупата на Шкупи…

Се вчитува...