ВИДЕО: Кој ќе го запре Кристопанс? Проектилите на вардаровиот џин….

Вардаровиот џин, Даинис Кристопанс имаше една од клучните улоги во убедливата победа на Вардар против ППД Загреб во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите која значи и веќе сигурен пат на црвено-црните кон четвртфиналето.

На почетокот од мечот Кристопанс беше едноставно незадржлив за домашната одбрана со три едноподруго проектили отворајќи го патот кон победата…

Но, дефинитивно потег на мечот може да се издвои и неговото луцидно додавање за Дибиров кој потоа беше соборен за пенал. Само како потврда дека Кристопанс и тоа како, освен да погодува, знае и сериозно да разигрува…

Се вчитува...